(ВИДЕО) Советниците Демиров и Џенгиз го исполнаа ветеното – се асфалтира Дебело Поле

Советникот на Египќаните Бесим Демриов и советникот Џенгиз Реџеп успешно го реализираа планот и го исполнаа ветувањето да се асфалтира Дебело Поле.

Тие денес ги посетија жителите на оваа населба и извршија увид на текот на работите.

„Започна со реализација на ветувањето кое ние како советници го дадовме минатата година и со нашите заложби и лобирања успеавме да го постигнеме ова што денес се гради за граѓаните. На наша иницијатива која уште минатата година ја поднесовме до кабинетот на покојниот градоначалник Јован Стојаноски и продолживме со лобирање во советот каде се изгласа планот и во координација со сегашниот градоначалник продолжуваме во средување на градот а пред се продолжуваме со залагање за средување на инфраструктурата на периферните населби и улиците каде што живеат ранливи категории на граѓани “ – порача советникот  Демриов.

Од жителите добија и ново барање за приклучок на канализација, кое од страна на советникот Џенгиз Реџеп веднаш беше пренесено до Томе Нане од Локалната самоуправа.

ВИДЕО ОД НАСТАНОТ:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close