Засадени нови садници пред ЈП “Македонски шуми” Охрид

Утринава повторно беа засадени нови садници во празните жардинерии кои осамнаа во текот на вчерашниот ден пред ЈП “Македонски шуми” , подружница Охрид.

Повторно се засадени млади борчиња кои ќе го разубавуваат влезот на оваа институција.

Од таму велат дека сторителот не може да искорне или укради колку што тие  можат да засадат. Следно доколку дојде до ваков немил настан , јавно ќе биде обелоденет сторителот преку безбедносните камери кои се поставени.

Се ндадеваат дека ваквата немила случка нема да се повтори.

 

Close