Во Охрид се отвора јубилејната 20. дрогерија на „DM“

Големи попусти и изненадувања по повод отворањето на јубилејната 20. dm дрогерија во Охрид!

На 8 јули, dm ја продолжува својата експанзија на домашниот пазар со отворање на првата дрогерија во Охрид, вкупно 20. на македонскиот пазар.

Од 8 па сѐ до 11 јули, во новата дрогерија на dm, која ќе биде отворена во КАМ VILLAGE – Ул. 7. Ноември бр. 179, ќе може да уживате во неодоливи попусти од:

★ 15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ – и на веќе намалените производи!;
★ до 30% попуст на одредени гелови за туширање (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);
★ до -45% попуст на одредени производи за нега на мажи (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);
★ како и повеќе од 4.000 dm марка производи со германски квалитет по супер цени.

Целосниот леток за отворањето може да го разгледате тука!

Покрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (8.7-11.7.2021) на денот на отворањето, сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ООУ „Климент Охридски“ од Охрид.

Дрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта сѐ вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Добро познатите dm марки – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 458,90 m2, од кои 383,08 m2 продажен простор, а 47,13 m2 магацински простор, како и 28.69 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде:
понеделнк до недела од 8 до 22 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 20 продажни објекти, од кои 12 во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид!

Close