(ВИДЕО) Јунакот на Охридското езеро, Марко Пејчиновски, плива од пристаништето до манастирскиот комплекс Св.Наум

Јунакот на Охридското езеро, малиот Марко Пејчиновски денеска на големиот празник Св Наум Охридски со нов предизвик. Плива од Охридското пристаниште до манастирскиот комплекс Св.Наум. Чудото од дете, како што многумина го нарекуваат, е голем влубеник во Езерото, напорно тренира и не го плаши ништо.

Пејчиновски, во 2018 година за девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница, што го сместува меѓу легендите на пливачкиот спорт.

Успехот на Марко е дотолку поголем ако се има предвид дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но тоа не ги попречува неговите амбиции и соништа – веќе ги остварува.

Close