Ohrid1.com во јуни со 249.000 според Гугл и над 621.000 луѓе на ФБ постовите

Порталот Ohrid1.com останува водечки медиум на интернет во Охрид. Само во месец Јуни, според аналитиката на „Гугл“, Ohrid1.com имал над 249.000 отворања, а според статистиката на „Фејсбук“, постовите објавувани на нашата ФБ страна ( БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПЛАТЕН ПОСТ ) сами генерирале опфат на публика од над 621.000 луѓе. Што се однесува до етерот таму неприкосновен медиум е „Супер Радио“ кое според мерењата на АВМУ има неделен досег на слушаност од 15,4%, што е далеку над единствената преостаната локалната телевизија во етерот ТВ М која има опфат од 0.71 %.

Аналитиката од „Гугл“ е на следниот линк:

Analytics All Web Site Data Audience Overview 20210601-20210630

Ohrid1.com е дел од најголемата интернет медиумска групација со седиште надвор од Скопје, Onemedia.mk во чиј состав работат порталите News1.mk, Skopje1.mk , Lifestyle.mk , а од неодамна нашата компанија бизнисот го прошири во Албанија каде го статртува порталот на Албански Јазик News1.al кој е со седиште во Тирана, a наскоро компаниајта Onemedia.mk подготвува старт на специјализиран интернет медиум од областа на финансиите.

Бројките кои според Гугл и Фејсбук ги остварува Ohrid1.com далеку го надминуваат бројот на население на градот Охрид и градската „дијаспора“, па неминовно во следниот период сајтот ќе има промени кои ќе внесат и содржини кои не се однесуваат на Охрид, иако градот ќе го задржи приматот во содржините.

Резултатите од мерењата на АВМУ може да ја погледнете со клик Т У К А.

СУПЕР РАДИО според АВМУ е локално радио број 1 во Македонија

No photo description available.

Единствената преостаната телевизија со седиште во Охрид, ТВ М со гледаност од 0.71 %

No description available.

 

Close