„Охрид пред се“: На Науме му посакуваме добро здравје и се гледаме на избори

„На новиот претседател на СДСМ О.О. Охрид му посакуваме здравје и успешна работа, а на него гледаме како на политички конкурент со кој ќе се видиме на избори“ – велат за Ohrid1.com од иницијативата „ Охрид пред се“, со што од оваа иницијатива сакаат да стават крај на политичките шпекулации низ чаршијата дека изборот на Науме Јованоски за претседател на охридското СДСМ ќе значи нивно враќање или ставање во редовите на оваа партија.

„Ние не обединуваме само членови ( поранешни и сегашни ) на СДСМ или симпатизери на оваа партија. Ние имаме поддршка и од членови на ВМРО ДПМНЕ, како и од политички неопределени граѓани. Не коментиравме до сега ништо околу приликите кои се случуваа во СДСМ во Охрид и натаму нема да коментираме внатрешни прашања на партии. Ние сме преокупирани со програмата со која ќе настапиме на изборите, а која е крајно сериозна и која е за подобрување на животот во нашиот Охрид. Други состојби и појави на политичката сцена кои се тривијални и неважни за животот во Охрид не следиме и не коментираме“ – потенцираат од иницијативата „Охрид пред се“.

Во политичките кругови во Охрид пред официјалниот избор на Науме Јованоски за локален прв човек на СДСМ во Охрид се шпекулираше дека неговиот избор е поврзан со амортизирање или целосно враќање на „Охрид пред се“ во СДСМ Охрид.

Close