(ФОТО) Во многу позитивна атмосфера, Танески му ја предаде функцијата на Јованоски

Во многу позитивна атмосфера, среќни лица, многу прегратки и по некоја солза радосница. Јованоски официјално ја превзеде функцијата Претседател на ОО СДСМ, од Лазе Танески.

Дел од членството го пречека новиот Претседател пред седиштето на Партиските простории.  Кога влегуваше Јованоски кратко се обрати до насобраните членови и меѓу другото рече:

„Со солзи си заминав со солзи се враќам. Секогаш сум се трудел нешто да направам и да изградам, никогаш не сум бил деструктивен, секогаш сум давал позитивна енергија и сум градел единство. Мојата цел, сега со моето доаѓање е сите заедно да се обединиме, сите заедно да изградиме подобра иднина“, истакна пред дел од членството Јованоски.

Инаку Науме Јованоски Чакар решението за претседател на ОО СДСМ го добил утрово. Јованоски функцијата Претседател на ОО СДСМ ја превзеде од пратеникот Лазе Танески, кој ја унапреди политичката кариера. Танески е избран во Извршен одбор од СДСМ, па поради неспоивост во функциите, ОО СДСМ мораше да се избере нов претседател.

Close