(ВИДЕО) Дел од членството на ОО СДСМ го пречекаа новиот претседател со аплаус, а паднаа и солзи радосници

Науме Јованоски Чакар е нов претседател на ОО на СДСМ Охрид. Решението Чакар го добил утрово, а предмалку и официјално ја превзеде функцијата претседател во Општинската Организација.

Дел од членството денеска го пречека новиот Претседател пред седиштето на Општинската организација, а паднаа и солзи радосници.

„Со солзи си заминав со солзи се враќам. Секогаш сум се трудел нешто да направам и да изградам, никогаш не сум бил деструктивен, секогаш сум давал позитивна енергија и сум градел единство. Мојата цел, сега со моето доаѓање е сите заедно да се обединиме, сите заедно да изградиме подобра иднина“, истакна пред дел од членството Јованоски.

Јованоски функцијата Претседател на ОО СДСМ ја превзеде од пратеникот Лазе Танески, кој ја унапреди политичката кариера. Танески е избран во Извршен одбор од СДСМ, па поради неспоивост во функциите, ОО СДСМ мораше да се избере нов претседател.

Close