Овации за Мицкоски од тие кои бараа негова смена

Мицкоски внатрепартиски триумфира на Антички во Охрид, покрај еуфоријата и енергијата кај членството, јавноста во Македонија во живо можеше да ги види како со него се поздрадвуваат, простум стојат и со со овации му аплаудираат скоро сите оние кои јавно бараа негова смена, или тајно како „влијателни лица“ лобираа кај членството да се „побуни и крени“ против Мицкоски. Со нивното вчерашно аплаудирање од простум самите тие дефинитивно го бетонираа Мицкоски за лудер на ВМРО ДПМНЕ.

Пречекан со овации од присутните при неговото пристигнување, овации додека говореше, пречекан со поздрави пред да излези на бина…
Мицкоски како и што се очекуваше беше ѕвездата на вечерта на роденденот на ВМРО ДПМНЕ на „Античкиот театар“ во Охрид, но никој не очекуваше дека речиси сите кои јавно или тајно бараа и лобираа за негова смена ќе се појават на овој настан и не само што ќе се појават туку и простум исправени ќе ракоплескаат на неговата појава на сцената и покорно од ред ќе се поздравуваат со него и ќе делуваат небаре се радуваат дека го виделе кога Мицкоски пристигна на Антички и кога излегуваше на сцената.

НАСТАН ОРГАНИЗИРАН СО ОДЛИЧЕН ПРОТОКОЛ И РЕЖИЈА ЗА ВИДЕО ПРЕНОС

Неможе а да не се забележи дека настанот беше организиран по добро испланиран протокол, секој поканет гостин имал точно одредено место каде ќе седи кое му било напишано во дигитално испратената покана, а покрај седењето на гостите видливо стана дека добро е планирана е и траекторијата по која Мицкоски ќе се движи и секако поставеноста на камерите кои тоа ќе го снимаат и ќе го пренесуваат во живо за да може сите да видат кој дошле простум да му ракоплескаат. Па така оние кои уште имале идеи дека некој од групацијата која јавно бараше смена на Мицкоски или некои од нивните тајни поддржувачи ( кои се сметаат за влијателни врз околината па лобираа да дојде до смена тајно и прикриено по телефон или на терен) уште е таму и се бори „неспособниот“ Мицкоски да биде сменет, по настанот вчера може да заклучат дека синоќа недостасуваше само Ивица Конески да стои и ракоплеска на појавата на Мицкоски.

Јавноста така без многу зборување и објаснување доби порака и самата виде во видео пренос дека ВМРО ДПМНЕ е обединето и дека сите стојат зад Мицкоски.

Ова покажува пак дека ПР тимот околу Мицкоски кој е составен од млади луѓе делува максимално посветено и длабоко влегува во детали кои потоа даваат одличен импакт на јавноста ( пред се на внатрепартиската јавност ) која по вчерашниот пренос во живо сега може да очелкува и јавно враќање на Митко Јанчев во матичната партија и негово ракоплескање во некоја друга прилика.

ДУИ БЕА СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ, А ВИДЛИВО Е И ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ОПОЗИЦИСКИОТ БЛОК

Како специјални гости на настанот беа претсавниците на ДУИ кои седеа во прв ред на горниот дел од театарот, но тука беше и Солза Грчева од „Глас за Македонија“ како и Јанко Бачев од „Единствена Македонија“.

НОВИ БОИ И СЛОГАН

ВМРО ДПМНЕ направи ребрендирање на дизајнот под кој дејствува, а пуштен во употреба е и новиот слоган „Македонија за сите луѓе“ кој треба да биде адекватен на новото време во кое живееме, а кое носи нови предизвици и нови теми кои ги интересираат граѓаните, а во кои се повеќе доминира екологијата како тема број еден и економијата. Очигледно е дека стратегијата на ВМРО ДПМНЕ ќе е да се сврстат и овие теми во партиската програма и доктрина, бидејќи станува јасно дека екологијата и животната средина ќе се тема број 1 за човекот на глобално ниво во наредните 50 години.

Close