Златната маска од Горна Порта вратена во Охрид

Златната маска и раката, како и сите прилози од гробот 132, откриени на локалитетот Горна Порта во Охрид, по завршувањето на меѓународната изложба „100 години Требениште“ во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, повторно се вратени во Златната соба на охридскиот музеј Куќата на Робевци“, објви Нова Македонија.

Ексклузивната изложба „100 години Требениште“, која беше отворена во март 2019 година, привлече големо внимание, а во неа со свои експонати учествуваа и Народниот музеј од Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науките во Софија. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид деновиве реализира одредени активности за повторно привлекување на вниманието на јавноста на вратените артефакти и воопшто на содржината на познатата Златна соба.

Во „Куќата на Робевци“, во обновените поставки, се изложени и стотици археолошки и етнолошки артефакти со исклучителна културолошка и уметничка вредност што ја отсликуваат богатата историја на Охридскиот Регион во периодот од предисторијата до модерните времиња.

Текстот во целост на: Нова Македонија.

Close