Приведени две лица од Велешта за агресивно однесување кон полициски службеници

На 15-ти јуни 2021 година, во 12:30 часот, на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, 21-годишниот Ф.Ш. и 25-годишниот Б.Ш., двајцата од струшкото село Велешта, го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Лицата се приведени, одредена им е мерка притвор до осум дена и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Close