(ВИДЕО) Возач на камион ја блокира „Абас Емин“ и се обиде да се тепа со жителите

Возач на камион кој вршел дотур на малтер на улицата Абас Емин во Охрид скоро еден час ја држел улицата блокирана и одбивал да го тргне возилото, па дури се обидел и физички да се пресмета со жители на улицата кои требело да поминат со возилата од своите домови.

 

Возачот кој управувал со камион за дотур на малтер од една од бетонските бази агресивно се однесувал , се заканувал, и се обидел да се тепа со луѓето кои заради неговото возило останале блокирани и не можеле да продолжат да се движат со возилата кон и од своите домови.

 

Улицата Абас Емин е во фаза на реконструкција на која се чекаше скоро 30 години и е еден од најкоплицираните зафати на градската инфраструктура.

 

 

Close