АА: Во Струга главен проблем не се 6 -те платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето

Денес главните виновници што Струга стана црна овца, како што сами се изјаснија, дека стружани живеат во хаос и без перспектива, излегоа без срам и се пофалеа со нивниот криминал, обидувајќи се да ги измамат граѓаните Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса- show во стилот на Артан Груби, велат од Алијанса за Албанците.

Тие додаваат:

Во струга главен проблем не се 6 -те платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето Ова се потврдува лесно, само со една прошетка покрај кејот. Да одговараат за палење на трската околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа непоправлива штета на флората и фауната. Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ, Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. Се обидуваат да се прикажат дека чистат депонии обидувајќи се да ги маскираат нивните злосторства, со цел да постапат на функција и да се вратат во старите методи на управување, со криминал, хаос, диви депонии корупција и лошо менаџирање Жителите на Струга, не може ни ти да ги измамите ниту да има ја потцените нивната интелигенција.

На Стружани веќе им е јасна разликата на управување со општината од Страна на Алијанса за Албанците и ДУИ. На многубројните проблеми во Струга им се гледа крајот, во Октомври жителите сами ќе ги решаваат проблемите и овој пат нема да помогне ниту тендер коалицијата ниту кражбата на гласовите. Достоинството на крајот ќе биде вратено во Струга , додека оние што го оцрнија никогаш не може повеќе да се вратат во струшкото раководство.

Close