(ФОТО и ВИДЕО) Пецаков: Блокадите ќе има се додека Заев и Бучковски не кажат што испреговарале со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ од денеска во знак на предупредувачки протест започнува со блокади во Скопје и 10 градови. Блокадите ќе се одржуваат од 15 до 17 часот.

Протест се одржува и во Охрид. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков вели дека блокадите ќе траат се до оној момент додека во јавноста не го покажат Заев и Владо Бучковски она што го испреговарале со Бугарија. Документот треба да биде доставен до јавноста и да се види што е тоно она што тие го преговарале, вели Пецаков.

„Од високи дипломатски извори во Брисел како и официјална Софија дознаваме дека она што е декларација изгласана во бугарскиот парламент и беше преговарачка рамка во билатералните преговори помеѓу Македонија и Бугарија, од денешен аспект сите оние проблеми што самиот тој документ ги носи тука станува збор за засебноста на македонскиот јазик, култура, традиција, обичаи, антифашистичката борба и сите останати проблеми кои таа декларација ги имаше од билатерален проблем стануваат проблем помеѓу Македонија и ЕУ, односно го проблематизираат патот од Македонија кон ЕУ“, истакна Пецаков.

Според пратеникот во целата работа има два битни аспекти, а тоа е уништувањето на Македонскиот народ, нација и јазик, а вториот е проблематичниот пат кон ЕУ.

„Сето ова Зоран Заев го најави на интервјуто на бугарски медиум каде ги отвори темите и разговараше како ист народ, ист јазик, разговараше дека во Македонија немало фашистички окупатор туку имало администратори. Сето ова кога ќе го споиме со ова четиригодишно владеење на СДСМ во Македонија и буквално проблематични и уништувачки договори со скоро сите соседи можеме да заклучиме дека на ова катастрофално валдеење треба да му дојде крај , а за таа работа треба поддршка од буквално сите политички партии и леви и десни, од сите кои се во парламентот и вон парламентот . Да застаниме на ова зло и да го спречиме уништувањето на македонскиот народ, нација, култура и јазик“, истакна пецаков на денешниот протест.

Протестите продолжуваат.

Close