Стефаноски: Македонија влегува во зелена зона, не бараме ПЦР тестови и мислам дека ќе имаме добра сезона

Вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21, сопственикот на туристичка агенција ДМЦ Балканс од Охрид, Филип Стефаноски, посочи дека Охрид почнува да заживува, Тој потенцира дека  изминатиов викенд имавме градот имаше многу гости од соседството“.

Стефаноски потенцираше дека Македонија и Балканот стануваат топ дестинации за туристите од Америја и Азија, а со тоа Македонија  влегува во зелена зона.

„Имаме гости и од странство, како компанија донесовме украински гости, а во јуни очекуваме гости од Америка. Македонија влегува во зелена зона, не бараме ПЦР тестови и мислам дека ќе имаме добра сезона“, посочи  Стефаноски.

 

Стефаноски говореше дека со стишувањето на пандемијата, светот се отвора. Америка е при крај со пандемијата. Токму поради ова како агенти се трудат да ја промовираат Македонија во најдобро светло во светот.

Сопственикот на  ДМЦ Балканс, како Охриѓанец проговори и за проблемот со дивоградбите во Охрид. Тој  посочи дека долги години проблем се дивоградбите во градот на Унеско, но додаде дека Балканскиот Ерусалим е дел од 250 градови во светот под УНЕСКО, кој заслужува да остане во нив.

„Долги години имаме проблем со УНЕСКО за дивоградбите кои никнуваат во градот, задолжително мора да го зачуваме статусот на УНЕСКО, бидејќи сме дел од елитата, како Дубровник, Сплит итн. Охрид е дел од 250 градови во светот, кој заслужува да остане во нив“, рече Стефаноски.

Според Стефаноски периодот на рушење на дивоградби не е во добро време, бидејќи туристите кои доаѓале во Охрид гледале багери и додава дека е за тоа да се почитуваат законите и да се зачува статусот на УНЕСКО.

Close