Ивановски: Во првите три години ВМРО-ДПМНЕ автопатот Кичево – Охрид го заврши за околу 50-тина проценти, а за четири години од СДСМ има само 10-тина проценти прогрес

Синиша Ивановски претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на панел дискусијата насловена „Четири години Заев, четири години украден живот. Доста е!“ посочи дека СДСМ не ги изгради ветените 600 километри автопат и експресни патишта, и исто така нема ни трага ниту од 550 километри магистрални и регионални патишта.

„Во 2016-та година онаа популарна програма „За живот“ која што се викаше на СДСМ, беше доста симпатична на почеток на секој граѓанин и таму се ветуваа неверојатни изградба на 600 километри автопати и експресни патишта, 550 километри  магистрални и регионални патишта, дури и околу 1.000 километри регионални патишта. Дека манипулираа со бројките се увиде со тоа што не се изградија за четири години“, нагласи Ивановски.

Ивановски додаде дека за четири години власт СДСМ не успеа да проектира ниту еден пат, а да не се говори за ветените километри патишта што ги ветуваа во предизборието.

„За пример дека сето ова што го вети СДСМ е неверојатно да се проектира, е и примерот со автопатот Гостивар – Кичево, кој што за пошироката јавност не е многу популарен, поради тоа што не се ни извадува. Тој е ветен автопат од страната на СДСМ, меѓутоа ние како ВМРО-ДПМНЕ почнавме да го проектираме некаде во 2016-тата година, тој автопат е поделен на три делници. Првата делница е од Кичево до Букојчани, втората делница е од Букојчани до Горна Гановица и Горна Гановица до Гостивар каде што 2016-та година до сега само тој дел што започна ВМРО-ДПМНЕ да го проектира, тој дел е завршен. Значи додека се на власт не успеаја ништо да проектираат, а не да се изградат километрите на патишта што ги ветија“, истакна Ивановски.

Ивановски посочи дека нула километри автопати потекнуваат од СДСМ.

„Кичево – Охрид автопатот е многу често говорен, и има многу негативни реакции. Власта ја зголеми вредноста на чинење на овој автопат, и го пролонгира рокот на градење. Министрите на СДСМ веќе не ги бројат бројот на анексите, меѓутоа да кажам од прилично околу 400 милиони евра проектирање за овој автопат од 57 километри стигнуваме до 800 милиони евра“, рече Ивановски.

Ивановски укажа дека во првите три години ВМРО-ДПМНЕ автопатот Кичево – Охрид го заврши за околу 50-тина проценти, а за четири години од СДСМ има само 10-тина проценти прогрес.

Close