Лазе Танески не е разрешен – останува најверојатно до октомври

Актуелниот претседател на СДСМ Лазе Танески синоќа ја известил партијата СДСМ и локалната организација во Охрид дека мора да се повлече од претседателското место во Општинската Организација во Охрид. Ова Танески го прави заради неспоивост на функциите и согласно статутот на партијата СДСМ кој не дозволува колизија и кумулирање на повеќе високи партиски функции во една личност актуелниот претседател на СДСМ Лазе Танески, кој во исто време е пратеник, од пред десетина дена е и член на Централниот Одбор на СДСМ ( највисоко партиско тело на СДСМ ниво на државата.

Со ова Лазе Танески се најде на три функции истовремено, и согласно статутот и како што се очекуваше ја напушти Претседателската функција во огранокот во Охрид.

СДСМ во следниот период ќе мора да одлучи како ќе се раководи огранокот во Охрид, со оглед дека практично ние се наоѓаме во предизборие за Локалните избори. Една од опциите која стои отворена е можноста да се оди со т.н. „Штабско работење“ до октомври, по што би се избирало ново раководство согласно статутот на партијата.

Close