(ВИДЕО) Николоски: За Охрид сум убеден дека ќе имаме победа на локалните избори

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска од Охрид истакна одговарајќи на новинарско прашање даде свој коментар за 8 те милијарди евра кои Заев ги најави како инвестиција до 2027 година?

-Ќе кажам нешто локално, па ќе кажам и централно. Нормално е ние како опозиција да критикуваме, но мислам дека ова што се случува во дел на капитални инвестиции е навистина срамота и нема друг збор кој што може да се употреби. Јас се сеќавам на едни други времиња кога имаше натпревар помеѓу градовите па се зборуваше во кој град што се направило, па дел од граѓаните беа позадоволни, дел понезадоволни, а сега буквално камен не се става. Еве тргнете од Охрид автопатот започна да се гради во 2014 година, требаше да биде готов во 2018 година. Денес сме 2021 година, воопшто не се гледа крајот на изградбата на автопатот и скоро 3 и пол години нема никакви активности освен некои минимални зафати коишто ги имаме на автопатското решение. А да е проблемот уште поголем се уништи и постојниот магистрален пат Охрид—Кичево, така што не може да има нормален сообраќај, истакна Николоски и додаде:

Костозголбната болница е готова 4 години и буквално треба да се отклучи и да се однесе опрема за да почне да работат докторите и медицинскиот персонал, истото не се прави. Базенот застана до таму каде што беше 2017 година, таму е и денеска и бројни инфраструктурни проекти на локално ниво.

На централно ниво скоро и да не гледаме камен дека се става, камо ли 7 милијарди да се инвестираат. Не знам од каде ги вадат бројките и како ја прават математиката, веројатно хартија трпи се, но реалноста е дека ништо не се случува и ни на истокот ни на западот на државата, ниту во Скопје, ниту во внатрешноста, едноставно нема капитални проекти. Требаше да се изгради експресен пат од Градско до Прилеп и после тоа да продолжи од Прилеп до Битола и да се отвори тој дел од централна Македонија, во 2017 година по промена на власта се прекина изградбата на овој експресен пат, се избрка изведувачот и сега ниту се гради патот, ниту некој го изведува.

Вториот пример е изведувањето на истокот, се изгради автопатско решение од Скопје до Штип, истото 2 години не се пушташе, откако се пушти требаше да се продолжи со експресен пат од Штип до Струмица. Каде што застана во 2017 година, таму е и денес.

Третото е изградбата до Бугарија, интензивно се градеше првата делница со германски изведувач која што беше запрена пред две години, нов изведувач нема, стариот се избрка. Така што овие амбициозни најави за 7 милијарди евра не знам од каде доаѓаат во услови кога 7 милиони евра не можат да реализираат.

На прашањето дали ВМРО ДПМНЕ се подготвува за локалните избори и дали имаат кандидат за градоначалник за Охрид вели:

-Да, се подготвуваме. Во овој момент би сакале да видиме и предвремени парламентарни избори, секако тоа не зависи само од нас, треба да имаме консензус и со останатите политички партии или барем со мнозинството во Собранието. Во однос на локалните избори имаме во моментот една отворена постапка на сумирање на јавно мислење и во партиската база и во поддржувачите на партијата, но и во пошироката јавност. За Охрид сум убеден дека ќе имаме победа, имаме навистина неколку сериозни кандидати што мислам дека можат да донесат победа во градот, а исто така ќе имаме и силна советничка листа, така што се надевам дека ќе имаме добар резултат. Не само како казна на она што го зборував претходно, за нереализирани големи инфраструктурни проекти, туку и како едно ветување за иднината, за добри работи кои што можат да се случуваат во градот. Очекуваме во текот на летото да ги комплетираме овие процеси и да ја запознаеме јавноста со решенијата.

Николоски проговори и за  За случајот со рекетот од 250 илјади евра и претресите. Тој вели дека  партијата информациите за случајот со криминалот во РЕК Битола ги добила од високопозициониран член на владејачкиот СДСМ.

-Ќе кажам нешто ексклузивно сега во Охрид, мислам дека ќе е интересно за целокупната јавност. Гледам дека веќе три дена наместо да се истражува Вице и раководството на РЕК Битола, кое што се обидело да направи рекет од 250 илјади евра, се гонат оние кои што условно кажано го информирале ВМРО-ДПМНЕ за овој криминал. Па видовме како маскирани полициски службеници и специјалци влегуваат во домовите на неколку инспектори кои се занимаваат со откривање на криминал и вршат претреси во присуство на нивните сопруги и деца што е недозволиво и потсетува на едни тоталитарни времиња.

Да им помогнам на СДСМ да престанат со овој начин на дејствување и наместо да ги гонат оние кои што наводно ги дале информациите треба да ги гонат тие што довеле да има ваков рекет од 250.000 евра, а не вака срамно да се однесуваат и да гонат луѓе, а ќе им помогнам ан начин што еве ексклузивно ќе кажам денес тука од Охрид дека информациите до ВМРО ДПМНЕ не стигнаа до вработени во Министерството за внатрешни работи ниту од инспектори кои гонат организиран криминал и корупција туку стигнаа од еден високо позициониран член на највисокото раководство на СДСМ кој што заради законот за заштита на укажувачи односно свиркачи не можам да го споменам со име и презиме, но повторувам информациите за криминалот во РЕК Битола и за рекетот во РЕК Битола стигнаа од високо позициониран член на најтесното раководство на СДСМ.

И втора работа која што сакам да ја кажам е дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ поседува бројна документација за други афери и скандали од коруптивен карактер кои што ќе ги изнесеме во јавноста во следниот период кои што исто така се добиени од високо позиционирани лица во самиот врв на СДСМ.

Новинарско прашање: Премиерот Заев најави дека компании од Луксембург се заинтересирани за изградба на капацитет во општина Неготино за согорување на отпад од 48 општини од Македонија и производство на енергија. Ваш коментар

Ова е многу битно имавме проблем и тука во охридскиот регион ако се сеќавате на една иницијатива за изградба на депонија во Дебрца гледам сега дека се помести локацијата за Неготино неколку работи сакам да искоментирам прво таму е најплодната земја во цела Македонија и да се уништи најплодната земја во Македонија на начин што отпадот од 48 општини ќе се слева на едно место и тој отпад ќе ја загадува околината мислам дека е злосторство кон целокупното население кое што живее и во Кавадарци и во Неготино и во Демир Капија и во Росоман.

Втората работа која што сакам да ја споменам е дека Премиерот Заев кажа дека се работи за компанија од Луксембург. Луксембург е добро позната дестинација за Оф шор компании односно за компании со сомнителен капитал и со сомнително сопствеништво кое не сакаат да го извадат сопствеништвото во јавност. Ние секако сме за квалитетно третирање на отпад но не на овој начин и со овој метод што го прават.

Третата работа е дека планираат тоа да го направат нетранспарентно односно да не оди на јавен тендер или со јавен повик туку си еден специјален закон кој што го донесоа во собранието и последно и јас и Зоран Заев сме носители во четвртата изборна единица мислам дека беше чесно од Зоран Заев кога се натпреварувавме за гласовите на избирачите од четвртата изборна единица да им каже дека планира депонија која што ќе го собира сметот од 48 општини да се стави во срцето на Македонија во срцето на четвртата изборна единица и сум убеден дека во тој случај и тие кои гласаа немаше да го гласаат затоа што ова што се обидуваат сега да го направат заради профит е уништување на најплодната земја во Македонија.

Close