Легендарниот полицаец од Охрид, Стевче Стевоски почна нова битка во долгата војна со МАФИЈАТА

Стевоски Стевче – познатиот охридски полицаец кој 30 години се бори со системот денес ја зпаочна кампањата на претстојните Локални избори, каде е кандидат на „Деморкати“.

Стевоски рече дека за него ова е уште една битка во долгата војна со Мафијата -за која рече дека е мајката хранителка на сестрите близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Од самиот старт на кампањата станува јасно дека Стевче Стевоски е кандидат кој очигледно ја зборува вистината и само вистината, па затоа ви препорачуваме да го прегледате видеото од неговата изјава или да го прочитате  интегралниот текст од обраќањето на Стеовски пред медиумите:

Почнуваме уште една изборна кампања, во која како и цел мој живот ќе продолжам да ја зборувам вистината и да се борам за правдата.

Целиот мој живот го поминав борејќи се за правда во институцијата каде работев и иако не успеав многу не се откажав во борбата со мафијата инсталирана во институциите и продолжив да ги штитам беспомошните луѓе и работниците врз кои институциите спроведуваа закони, и да се конфронтирам со моќниците кои со децении наназад и ден денес се недопирливи за законите.

Цел Охрид знае кој е Стевче Стевоски. Ме знаат сиромашните, ме знаат и мафијашите. Ме знаат Египќаните, Албанците, Турците, Македонците. Сите знаат дека никогаш неправедно не сум казнил никој, а дека не сум се плашел да ги казнам моите претпоставени, за што и ден денес, центрите на моќ ме влечкаат по судови.

Почнуваме денес повторно, нова битка во долгата војна на правдата против неправдата.

Денес јавноста знае кој се ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ! Знае дека тоа се две сестри близначки кои ги родила една мајка Мафија, а таткото име Јуда.

Против кандидатите од овие две партии лично немам ништо. Тие двајцата се доктори, но за жал прифатија да се марионети на нивните партии и нивната мајка Мафија.

Народот овој пат знае дека тие ВМРО ДПМНЕ и СДСМ никогаш нема да тргнат против нивната мајка Мафија и затоа повторно :

ГИ ПОВИКУВАМ, ОБЕСПРАВЕНИТЕ, УГНЕТЕНИТЕ, ОД ИЗВРШИТЕЛИ ЗГАЗЕНИТЕ, ОД ЛИХВАРИ УНИШТЕНИТЕ, ЗА БЕДНИ ПЛАТИ ВРАБОТЕНИТЕ, И НЕВРАБОТЕНИТЕ овој пат да гласаат за мене СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ , за конечно да влезиме во финалната битка против МАФИЈАТА – таа сокриена мајка хранителка на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Да живее Охрид
Да живее Македонија
Да живее чесниот граѓанин на Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close