ВИДЕО: Мукоски и Арнаудов со непознати лица “пребаруваа” низ гепек од џип

Пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов по подолго време конечно се појавија во охридсктие кафани и ресторани.

Тие утрово беа на кафе во еден познат охридски хотел придружувани од непознати лица кои зборуваа со скопски дијалект.

По кафето Мукоски и Арнаудов стоеја покрај еден џип и со нивните „гости“ нешто разгледуваа и префрлаа во гепекот.

АКТУЕЛНА Е НОВА КОАЛИЦИЈА

Денповиве во јавноста се лиферуваа информации дека осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ преговараат за влез во владиното мнозинство. Дали ова пиење кафе е поврзано со активностите околу тоа ќе видиме наскоро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close