Георгиески: Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано

Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.
➡️Ги ослободуваме плажите од нелегални градби, платформи, ѕидови и овозможуваме нивно непречено користење. Граѓаните ќе можат слободно да ги користат плажите без нелегално наплаќање на влез, лежалки и паркинг.
➡️За таа цел денеска продолжуваат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани.
➡️Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.
➡️На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби тековно ќе се врши уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, стои во објавата на ФБ профилот од грдоначалникот Георгиески.
Close