А1 ОН: Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана, се чакаат извештаи од вештачењата и анализите

Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана, дознава „А1он“. Според информациите, во објектот кој се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга било пронајдено и оружје. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека во континуитет се работи на расчистување на случајот и прибирање на потребни податоци за настанот.

„По насока на јавниот обвинител обезбедени се и прибрани траги од самото место на настанот и дадени се на натамошно вештачење. Воедно, издадени се наредби за вршење на потребни анализи, испитување на ДНА, како и папиларни линии на оружјето и за вршење обдукција на телото на починатата. Едновремено, во континуитет се прибираат податоци потребни за расветлување на настанот. Обвинителството го очекува пристигнувањето на побараните извештаи од вештачењата и анализите“, велат од Обвинителството за „А1он“.

A1он

Close