Георгиески: Нов асфалтен пат од Велгошти до црквата Св.Никола

Започнa изградбата на нов асфлатен пат од селото Велгошти до црквата “Свети Никола” со што исполнуваме едно долгогодишно барање од месното население.
🚧Се работи за патен правец кој се протега во стрмен планински потег. Проектот предвидува тампонирање на основата и поставување на нов асфалт на коловозот.
✅Овие активности се дел од овогодинешната Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 10.300.000 денари, напиша во ФБ објавата градоначалникот Георгиески.
Close