Водата во селата Косел и Јабланица забранета за пиење, истакнуваат од ЦЈЗ Охрид

На ден 27.04.2021 година земени се примероци вода за физичко хемиска и микробиолошка анализа од мерни места во општините Охрид и  Струга. Констатирано е следното:

     Земените примероци вода  од околните села Квалиѕтетот на водата за пиење според Правилникот за безбедност на водата за пиење(Сл.Весник на РМ бр 183/2018).

е следен:

                   земени се примероци вода од следните мерни места:

-с.Лабуништа-Струга-водата е здравствено исправна

-с.Бороец-Струга- водата е здравствено исправна

-с.Јабланица-Струга- микробиолошки неисправна(ешерихија коли ),нема резидуален хлор

-с.Косел -Охрид- микробиолошки неисправна(ешерихија коли,ентерококи ),нема резидуален хлор

-с.Лескоец-Охрид- водата е здравствено исправна

-с.Велгошти- Охрид- водата е здравствено исправна

-Пазар-Охрид- водата е здравствено исправна

-Воска-амбуланта-Охрид- водата е здравствено исправна

-с.Орман-Охрид- водата е здравствено исправна

-Костозглобна болница-Охрид- водата е здравствено исправна

-Варош-Св.Варвара-Охрид- водата е здравствено исправна

-Фонтана-пристаниште-Охрид- водата е здравствено исправна

-Студенски дом Никола Карев-Охрид- водата е здравствено исправна

-Билјанини Извори-Охрид- водата е здравствено исправна

-Кардиолошки-болница-Охрид- водата е здравствено исправна

ПРЕПОРАКА:  

Водата од мерните места-с.Јабланица-селски водовод,с.Косел-селски водовод, континуирано да се хлорира  за да биде здравствено исправна.

 Во горенаведените села каде што нема резидуален хлор или микробиолошки е неисправна,  водата се  забранува за пиење , одржување на лична хигиена како и хигиена на раце, во домаќинствата се додека истата не се третира со хлорен препарат или да се преврива 45-50 минути!!!       

 

ЦЈЗ Охрид

Close