Црвен Крст Охрид со демант на изнесените податоци од лицето Сашо Денесоски

Со индигнација ги демантираме и отфрламе наводите изнесени во текст од лицето Сашо Денесовски објавен на  04.05.2021 на порталот Ohridsky, за кои најодговорно тврдиме дека се тенденциозни и целосно невистинити: 

– Екипата на Црвен крст Охрид која беше испратена за помош при изведување на вакцинацијата  против Ковид-19 на вакциналниот пункт во салата на СРЦ Билјанини извори во Охрид беше  составена од еден вработен во Црвен крст Охрид и еден волонтер на Црвен крст Охрид и двајцата  полнолетни. 

– Црвен крст Охрид е хуманитарна организација и своите активности ги реализира според  соодветни програми, потреби и барања, а во случајов, координирано со Црвениот крст на РСМ,  Министерството за здравство на РСМ и Здравствениот дом Охрид е вклучен во помош на  изведувањето на вакцинацијата против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом  Охрид, во кругот на Општа болница Охрид уште од 5 април 2021. Со затворање на вакциналниот  пункт во Здравствен дом Охрид и отворање на регионалниот вакцинален пункт во СРЦ Билјанини  извори, Црвен крст Охрид ги насочи своите екипи да ја продолжат активноста во новоотворениот  пункт. 

– Црвен крст Охрид ниту побарал, ниту добил некакви финансиски средства за ангажирање на  своите волонтери во процесот на вакцинација против Ковид-19. 

Со почит, 

Претседател Секретар Сашо Точков Мимоза Ставрева

Close