68 прекршоци за неносење лична заштита на лицето

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 68 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-44, Струга-10, Кичево-11, Дебар-03).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Охрид извршени се 25 контроли по угостителски и други објекти и евидентирани се 02 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.. Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Close