(ФОТО) Камбаната во Св. Наум е дело на ковачката фамилија Зизо, подарена во 1940 година

Ковачката фамилија од Ресен, Зизо во 1940 година подариле камбана на манастирот Свети Наум. Мерија Зизо бил на печалба во Америка, камбаната ја изработил кога се вратил од печалба по што ја подариле на манастирот.

Нивното семејно име и ден денеска го пишува на камбаната која се користи во манастирот Св. Наум Охридски.

И Охриѓанецот Ѓоко Зороски објавувајќи фотографија од овој настан на социјалната мрежа ФБ упатува честитка до верниците за Велигден.

Зороски на ФБ напиша?

Слога, радост, соживот…Египќани од Ресен подаруваат камбана на манастирот Свети Наум…Втората светска војна само што започнала. Премрежја еден тон, како и сега. Биле и ќе поминат. Вредностите што ги негувале нашите претци се трајни и потсетуваат и ден денес. За многу години Велигден, напиша на својот ФБ профил Ѓоко Зороски.

 

фото: ФБ Ѓоко Зороски

Close