Чингоски обелоденува: Во „ОХРИД ПРЕД СЕ“, не сме само од СДСМ, имаме членови и од ВМРО ДПМНЕ

Десетина истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и долгогодишни советници во Советот на општината формираа Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид со кои ќе партиципираат на претстојните локални избори под мотото „ОХРИД ПРЕД СЕ“, објави ТВ 24.

Основна цел велат е Советот на општината да го претворат во место каде граѓаните реално ќе ги решаваат своите локални проблеми и совет кој нема да биде продолжена рака на градоначалникот и партијата на власт.

Станува збор за истакнати членови на СДСМ од таканараченото старо крило на партијата.

Чингоски вели оваа иницијатива не значи отцепување од партијата туку граѓанска иницијатива која сака да направи промени во Советот на општина Охрид.

Текстот во целост на: ТВ 24.

видео: ТВ 24.

Close