(ФОТО) Охрид SOS: Секоја година истата песна, по сторителот „се бара“ а никој никогаш реално и да бил казнет

Секоја година истата песна. Пали-гаси. По сторителот „се бара“ а никој никогаш реално и да бил казнет. Или некому да му дошла памет па да престане со ваквата практика. За неколку дена два поголеми пожари подметнати на овој потег проголтаа огромна површина под трска, објави на својот ФБ профил Охрид SOS.

Во продолжение на објавата се додава:

Од Државен инспекторат за животна средина со изјава дека: „веднаш по третото палење на трски годинава Државниот инспекторат за животна средина и инспектори од Одделението за внатрешни работи од Струга извршија надзор на опожареното земјиште на потегот од плажите Версус, Аквариус и ресторанот Аполонија, во насока кон селото Калишта. Опожарени се трски и вегетација во појас ограничен со пешачката патека и брегот на Охридското Езеро, со должина од околу 450 метри и ширина од околу 50 метри.

Овој настан се случи и покрај предупредувањата до сопствениците на земјиште што граничи со пешачката патека – дека ќе бидат казнети доколку палат трска на државно земјиште. По надзорот инспекторите на Одделението за внатрешни работи ќе спроведат истрага до откривање на сторителот, против кого ќе се поднесе кривична пријава.

“Дали сега треба да чекаме пет месеци, како во примерот со депонирање земја и шут кај Далјан за да се најде и казни сторителот, или и ова ќе помине како и сè друго во државата – секое чудо за три дена? Попусти се апелите и реакциите ако институциите молчат или некого толерираат со децении. Свесни сте дека делот на струшкото крајбрежје е оставен на милост и немилост. Дали се трупа градежен шут и земја за да се прошири брегот, дали се пали трска, се депонира градежен отпад, се гради на самиот брег, се узурпира. Повеќе од доволно докази ви се предочени, претставки, пријави. Уништувањето на природното наследство никако да престане, велат од Охрид SOS.

извор: FB Ohrid SOS

Close