ВИДЕО: Автомобил падна во водите на Охридско Езеро

Утрово возило со марка „Пежо“ заврши во Охридско Езеро.

Според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафичи.

Автомобил падна во водите на Охридско Езеро

Автомобил падна во водите на Охридско Езеро

Posted by skopje1.mk on Wednesday, April 3, 2019

По кратко време, автомобилот паднал во езерото. Непознато е дали станува збор за грешка на возачот или пак, некој намерно го турнал автомобилот.

Полицијата изврши увид, а ќе ги прибавува и снимките од назорните камери, за се утврди причината.

Возилото во моментов од Охридско Езеро го вадат возила на противпожарната бригата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close