Сончев и топол понеделник

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степена.

Според УХМР, од утре ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините, врнежите ќе бидат од снег.

 

УХМР

 

 

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

 

Close