Од коронавирус почина шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1990 година почина денес на 77 години во болница во Мадрид по компликации од Ковид 19. Веста на Фејсбук ја соопшти неговата сопруга која е Македонка, Клеопатра Филипова.

Беше генерален секретар на шпанскиот Пен клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија „Екиваленсијас“ од 1982 до 1994 година и директор на меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас „Де Гран канарија“ од 1992 до 2002 година.

Падрон беше претседател и организатор на шестиот Светски конгрес на поетите што се одржа во Мадрид во 1982 година.

Неговата поезија е преведена на 44 јазици, а објавени му се стотина книги на странски јазици.

Добитник е 30-тина меѓународни награди и признанија.

 

Извор/фото:Агенции

 

 

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Close