Константин: Ова е историски ден за Охрид, долгот се намалува за 15.400.000 евра !

По две децении блокирана сметка конечно доаѓа ден за раздолжување на Охрид !

Советот на општина Охрид на денешната седница го усвои извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година. Со усвојувањето на извештајот, како што рече вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески во изјавата за медиумите, започнува процесот за раздолжување на општина Охрид.

-Денеска е голем ден за општина Охрид и нејзините граѓани. По макотрпна и посветена работа, со помош на Владата, почнуваме со реализација на  процесот на раздолжување на општината, нејзина финансиска консолидација  и почеток на нов развоен циклус.
Со донесување на одлуката за усвојување на извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на на денешната седница на Советот, општина Охрид ќе го намали вкупниот долг за       948.023.989,оо денари  или  за 15.400.000  евра од кои 495.679.436,оо денари се средства согласно Законот за финансиска поддршка обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, 260.000.000,оо денари по основ отпис на камати и  192.344.553,оо денари средства кои ќе ги обезбедиме  во наредниов период  од основниот буџет по основ на склучување спогодби со доверителите –
изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиевски и додаде:

Со донесување на оваа историска одлука за општина Охрид , вкупниот долг ќе се сведе на ниво од 530.000.000,оо денари со што општината ќе го подобри кредитниот рејтинг. Со тоа  ќе се овозможи полесно задолжување на пред домашните и странските финансиски институции и банки, како и полесен пристап до европските фондови. Крајната цел е во наредните две година, по две децении, сметката на општината  да биде одблокирана.


Согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа и единките корисници од областа на образованието Општина Охрид доби од Владата 495.277.521,оо денари за финансирање на 51% од пријавените доспеани, а неплатени обврски со датум 30.09.2018 година.

Општина Охрид согласно законот распиша Јавен повик за пријавување на доспеаните а неплатени обврски кон доверителите заклучно со   30.09.2018 година. На повикот, со цел спогодбено утврдување на долгот, се пријавија повеќе од 100 доверители.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски имаат доверителите со кои спогодбено  е постигнато целосно откажување на каматата односно намалување на главницата.Со 35 доверители е постигнато целосно откажување од каматата.

По завршување на процесот на преговарање успеавме да оствариме заштеда односно  намалувањето на долгот на општината само по основ на камати од  260.000.000,оо денари  до денот на донесување на  одлуката, што ми дава за право да кажам дека имавме успешен процес на преговарање- рече во изјавата за медиумите в.д градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close