(ФОТО) Бесправна сеча во кампот Андон Дуков

Иако се наоѓа во близина на Охрид, покрај прометен пат, сепак во некогашниот камп Андон Дуков е извршена бесправна сеча на дрва.

Кампот Андон Дуков некогаш беше омилено место на Охридѓани и туристите. Но, во моментов е запуштен, па деновиве стана и мета на дрвокрадци.

Инаку во 2014 година општинските власти имаа план руинираниот авто камп “Андон Дуков” во Охрид ќе прерасне во елитна населба. На местото од распаднатите стари камп приколки ќе се градат ексклузивни резиденцијални туристички објекти.

Општинските власти имаа план стариот и веќе руиниран авто камп „Андон Дуков” во Охрид да прерасне со ексклузивна резиденцијална туристичка населба. Планот за оваа населба беше да се се гради на површина од околу 30 хектари. Но, очигледно од овој план  – ништо, па години наназад кампот кој е на многу атрактивна локација а запуштен и во целост руиниран.

Close