Почина 19 годишната девојка која имаше симптоми на коронавирус

epa08802972 Medical workers wearing Personal Protective Equipment (PPE) attend to patients at the Clinical-hospital center Zvezdara Covid-19 hospital in Belgrade, Serbia, 06 November 2020. Serbia is witnessing a rise in coronavirus infections prompting the government to consider new restrictions. EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Трагична вест од Битола. Почина најмладиот пациент во ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесува порталот СДК.

Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска.

Девојката беше со Даунов синдром.

Извор/фото:Агенции

Close