ОК ВМРО ДПМНЕ со честитка за 8 Април Меѓународниот ден на Ромите


ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на ромската заедница им го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
Ромскиот етнички и културен идентитет е цврсто вграден низ живеењето во Охрид и Македонија. Унапредувањето и инклузијата на ромската заедница треба да бидат заложби на државата со цел просперитетна и сигурна иднина.
Нека празничните денови бидат исполнети со многу здравје и љубов.
Честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид