Најстарата географска карта на Европа пронајдена во Бретања

Двајца научници ја открија мистеријата за плочата стара 4000 години, откриена од бретонски историчар во 1900 година, која според нив претставува географска карта, јави дописникот на МИА.

Тешката камена плоча, стара 4000 години, и мистеријата подолга од еден век, се откриени во 1900 година во Сент Белек во Леухан, во Финистер – Бретања. Плочата тешка еден и пол тон, датира од бронзеното време, можеби ги откри тајните за двајцата истражувачи, кои во неа гледале релјефна карта, односно најстарата карта некогаш пронајдена во Европа, а можеби дури и во светот.

Како што објави денешното издание на париски „Ле Монд”, плочата е откриена во 1900 година од бретонскиот историчар Пол ди Шателје (1833-1911) за време на ископувањата во Сент Белек, тумба земја за погребна употреба која датира од старата бронза ( 1900-1650 п.н.е.). 

Иван Пајлер, шеф на катедрата за поморска археологија и интердисциплинарни истражувања на животната средина во Универзитет во Западна Бретања / Инрап и Клемен Никола, постдокторски соработник на Универзитетот Бурнемут во Велика Британија сметаат дека оваа плоча може да има картографски записи.

 

Извор/фото:Агенции

Close