Облачна среда со дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.

Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени Целзиусови.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

УХМР
Close