Околу 70 лица заробени во вагоните по страшната несреќа во Тајван

Околу 70 лица се уште се заробени во оштетените вагони на возот кој излета од шините во источен Тајван во несреќата во која загинаа најмалку 36 лица, соопшти противпожарната служба.

Возот удри во камион што се лизна од патот што води кон блиското градилиште. Повеќе од 40 патници се повредени.

Ова е најголемата железничка трагедија на островот во последните четири децении.

Експресниот воз се наоѓаше на линијата помеѓу Тајпеј и Таитунг, а во него се превезуваа голем број туристи и луѓе кои тргнуваа дома на почетокот на викендот, известуваат медиумите.

Објавената снимка покажува сериозно оштетени вагони во тунелот додека спасувачите се обидуваат да стигнат до патниците.

Во возот имало околу 350 луѓе, соопштија пожарникарите.

Тајванските медиуми јавуваат дека многу патници стоеле поради големата гужва и дека тие паднале кога се случила несреќата.

Повеќе од 40 лица се веќе префрлени во болницата.

 

Извор/фото:Агенции

Close