Србија бара од УНЕСКО ракијата од сливи да ја прогласи за културно наследство

Министерството за култура на Република Србија поднесе барање до УНЕСКО да ја номинира ракијата од слива (шљивовица) на списокот за нематеријално културно наследство. Вицепремиерот и министер за култура и информации, Маја Гојковиќ, во Собранието, изјави дека Министерството веќе го поднело барањето до УНЕСКО.

„Денес ја поднесовме нашата кандидатура и се надеваме дека следната година ќе можеме да се запишеме на списокот на заштитени брендови на УНЕСКО“, изјави Гојковиќ.

Ракијата од слива треба да се внесе на списокот како „елемент на социјална пракса“ и „знаење поврзано со подготовка и употреба на традиционален пијалак од слива“.

Ракијата од слива произведена во Србија доби потврда за географско потекло од Европската унија дури во 2016 година и оттогаш е заштитена со името „Српска ракија од слива – шљивовача“.

 

Извор/фото:Агенции

 

 

Close