Пецаков: Македонија е земја со нула набавени вакцини

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков во вечерашното интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа вели дека реалноста е дека владата на СДСМ генерално кататстрофално се справувала со менаџирање на економската и здравствената криза, посочувајќи дека Македонија и понатаму е земја со нула набаврни вакцини.

Реалноста е дека генерално имаме катастрофално менаџирање со кризата во целата година и од здравствен и од економски аспект и тоа најмногу го чувствуваат економските оператори и пациентите, вели Пецаков.

Македонија е се уште земја со нула набавени вакцини. Значи не разговараме за донациите, туку за купени нула вакцини.

И тоа е реалноста со која треба да се соочиме и дека грижата за здравјето е такво какво што е  и посебно по смртност каде што сме во Европа меѓу топ три на милион жители и во светот на шесто или седмо место по број на смртност. Е тоа е начинот на кој ное се справуваме сп кризата, за жал хаотично, смета тој.

Пецаков, додаде дека кога се говори за набавка на вакцини мора да се види како се набавувале тие, спомнувајќи го скандалот при набавка на кинеските вакцини.

Кога зборуваме за вакцини не може а да не збориме за начинот на кој сакаа да набавар вакцини од Кина преку фантом фирма форморана во 2003 година баш кога СДСМ дошла на власт, а во 2007 година истата е инактивирана и тоа форморана во Самоа со сестринска фирма односно подтужница во Хонг Конг со тројца луѓе, инактивирана во 2007 година, повторно доаѓа СДСМ во 2017 година некаде околу јуни, а во септември повторно се инактивира за да од денешен ден да видиме кој бил начинот врз кој ние како држава сме се обиделе да набавиме вакцини, истакна Пецаков.

фото: Архива

Close