Мерко и главниот архитект на Струга започнаа постапка за обезбедување на потребната урбанистичка документација за семејства кои живеат покрај реката “Црн Дрим“

Градоначалникот Рамис Мерко денес имаше средба со заменик Генералниот Секретар на Владата на РСМ г. Тахир Хани и бивш пратеник и Претседател на партијата ПОЕН г. Рубин Земон.

Средбата се состана врз основа на барањето, односно петицијата за обезбедување на соодветно социјално домување и елементарни услови, потпишано од лица, семејства кои живеат покрај реката “Црн Дрим“ во централното градско подрачје на Општина Струга, преку Европски Центар за Правата на Ромите, Брисел.

Градоначалникот се согласи за целосна соработка за овој проект, заедно со главниот архитект на градот г. Натмир Неџипи веќе ја започнаа постапката за обезебедување на потребната урбанистичка документација. Истовремено пратено е барање до Владата и до надлежните министрества за целосно исполнување на барањето.Станува збор за околу 40 семејства, кои живеат во куќи кои се изградени во државно земјиште, пред повеќе од 60 години.

фото: ФБ Рамиз Мерко

Close