Денеска во Охрид 29 новозаразени од КОВИД, тројца починати

Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.

Регистрирани се 700 оздравени пациенти од: Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

 

МЗ

Close