Нов силен земјотрес предмалку во Грција

Нов силен земјотрес предмалку во Грција,  29 километри северозападно од Лариса, областа која вчера беше погодена од силен земјотрес. Земјотрес вечерва е со магнитуда од 5,5 според Рихтер.

Инаку вчера областа Лариса беше погодена од силен земјотрес од 6.3 степени по рихтер, но и денес тлото не мирува. Жителите ноќта и денот го поминаа под отворено небо. На социјалните мрежи кружат и видеа направени во текот на вчерашниот ден, а на истите од дрон се гледа како градот се соочува со многу срушени згради и домови кои се буквално срамнети со земја.

Close