Граѓанска иницијатива или подготовка за политичка партија, што се крие зад „Охрид SOS”?

На социјалните мрежи се почести се коментарите дека граѓанска иницијатива „Охрид SOS”  како  да се подготвува за влезе во политика.

Граѓанска иницијатива „Охрид SOS” или подготовка за политичка партија, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Ова посебно се истакнува откако оваа граѓанска иницијатива како да влегува во отворена „војна“ со охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

„Охрид SOS” најавија дека ќе покренат тужба против градоначалникот на Охрид доколку тој, односно Општина Охрид не усвои акт за прогласување за „ништовно” одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан „Парк”.

Граѓаните комементираат дека е подобро доколку се има факти за нешто и доколку си сигурен за потезите кои се превземаат да се излезе со име и презиме, а не да се затскриваш зад некоја иницијатива. До овој момент сеуште никој отворено не застанал да каже дека е дел од „Охрид SOS. Зошто, прашуваат граѓаните на соцојалните мрежи.

„Нели добро е да се легитимират затоа што никој не знае кој стои зад оваа организација“, стои во друга објава.

Лице кое се претставуваше дека е невладин активисти е дел е Охрид SOS” сега е советник во Град Скопје. Дали ова лице сеуште остана да делува како невладин активист на едно место, а на друго поинаку, прашуваат граѓаните.

„Охрид SOS” во јавноста се појави кога со Охрид владееше естаблишмент поставен од ВМРО ДПМНЕ. Тие жестоко се конфронтираа со тогашните власти и отворено работеа со претставниците на тогашната опозиција, пред се со Томислав Тунтев од СДСМ.  Тогаш иако „Охрид SOS” беше правно непостоечка творба во јавноста се појавуваа неколку лица кои се претставуваа како раководство на „Охрид SOS”, но по изборите 2017 година овие лица се повлекоа од медиумите.

Токму поради ова граѓаните коментираат дека се наметнува прашањето, дали „Охрид SOS навистина работат за интересите на Охрид и охриѓани, или криејќи се зад некоја организација кој ги решава проблемите на Охрид и охриѓани „Охрид SOS” од правно непостоечка и никаде нерегеистрирана творба, можеби се подготвува правно да се канализира и отелотвори во политички субјект кој ќе се појави на избори?

Охрид SOS досега преку медиумите во јавноста отвори многу проблеми кои ги тиштат Охриѓани и се во интерес на градот, но колку од нив се решени?

Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина Охрид SOS на својот Facebook профил неодамна објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база. По ова со остра реакција се јавија од компанијата кои тврдеа дека невистинити се информациите објавени од страна на активисти на Охрид SOS, дека нивни багер црпеле песок од езерото што, како што нагласија било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на Охрид SOS.

По најновите случувања и најавата за тужба против градоначалникот на Охрид доколку тој, односно Општина Охрид не усвои акт за прогласување за „ништовно” одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан „Парк”, денеска со реакција се огласија и од кабинетот на првиот човек на Охрид. Тие во реакцијата меѓу другото велат:

Општина Охрид најостро реагира на вчерашниот напис на социјалните мрежи од страна на таканареченото граѓанско здружение, „Охрид SOS“. Овие дежурни критичари, кои поради нејасни причини досега не се јавно декларирани како личности, на дрзок и недоличен начин, преку навреди и дисквалификации го прозиваат градоначалникот Константин Георгиески дека дава поддршка на урбанистичката мафија и дека има најголема одговорност за најавената градба на хотел, на локацијата кај поранешниот расторан и дикотека „Парк“.

Недозволиво е „Охрид SOS“ да се повикува на член од Законот за градење и да тврди дека градоначалникот Георгиески може да сноси кривична одговорност доколку не го поништи правосилното одобрение за градење, бидејќи правна основа за тоа не постои. Основна причина за тоа е фактот што инвеститорот на градбата „Ремис“ ДООЕЛ Охрид согласно одобрението за градење кое му е издадено на 20.04.2018 година и соодветните законски прописи има поднесено известување за започнување на градба на 26.06.2019 година, се вели меѓудригото во реакцијата и додаваат:

Граѓаните треба да знаат дека преку изнесување на инсинуации и лажни обвинувања и овој пат „Охрид SOS“ се обиде да ја манипулира јавноста, но цврсто сме уверени дека нивните обиди ќе останат безуспешни.

фото: Архива

Close