(ВИДЕО) Серија земјотреси во Грција најјакиот 6,3 степени

Серија земјотреси во Грција.  Во последните 30 минути, регистрирани се три од кои првиот со јачина од 6,3 стептени,  4,4 степени, 4.0 и 5.2.

Најсилниот земјотрес првично беше најавен со јачина од 6.9 степени, за да по кратко време на официјалната Европската макросеизмичка скала да биде презапишан како земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала.

Според Грчките медиуми нема посериозно повредени лица по силниот земјотрес.

Според специјализираните сајтови за следење земјотреси, епицентарот на најсилниот земјотрес бил 15 километри од Еласона, град во округот Лариса, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.

Тресењето, кое траеше повеќе од 30 секунди, се почувствува и во Македонија, но и во сите земји во регионот.

фото: Европската макросеизмичка скала

Close