РЕЗИЛ СО ПОПИСОТ: Секој од Македонија може да се попише како да е во странство

Вчера започна онлјан попишувањето на дијаспората, но системот за попишување има катастрофален и огромен пропуст кој лесно можеби ќе доведе до нереални и погрешни податоци.

Очигледно дека на апликацијата за попишување на државјаните од дијаспората се спроведува без некоја посебна заштита, но пред се без никакви протоколи каде е направен неверојатен пропуст кој дозволува манипулација.

Имено, таму може да се попише било кој доколку има странска IP адреса, а таа лесно може да се добие доколку користите VPN, што значи секој од Македонија може да попише кого сака и за тоа не се потребни посебни вештини.

Програмерка од Македонија објави дека успеала да се попише од дома, во Македонија, така што наместо со IP адреса од Македонија, користејќи VPN се регистрирала со адреса од Србија.

Таа вели дека го оставила дури и нејзиниот македонски број и без никаков проблем се регистрирала и го пополнила прашалникот.

– Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а причина за престој имаше повеќе опции, од кои последната беше „друго“. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија, задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан…, пишува корисничката во Фејсбук групата Сојузен комитет на програмери на Македонија.

Самопопишувањето не е само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во периодот нема да биде во Македонија. Оттука, таа прашува зошто не постои подобра заштита на https://census.stat.gov.mk/ за да не можат резидентите да се попишуваат како дијаспора.

– Дали сега кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса ќе бидам исклучена од физичкиот попис, да ме прескокнат, т.е. да не се бројам двапати, еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе не попишуваат,

Набрзо потоа излегоа информации дека не само што може да попишете било кого туку и може да давате и погрешни информации, што наведува на тоа дека пописот од првиот ден е погрешен.

 

Извор/фото:Агенции

Close