Мачу Пикчу, светиот град на Инките, повторно отворен за посетители

Археолозите и архитектите отсекогаш се прашувале, зошто Инките решиле да го градат својот свет град, Мачу Пикчу, на теренот на денешниот Перу, на прилично тежок и оддалечен терен – на 2350 метри надморска височина.

Древниот град во Андите, повторно се отвара откако беше затворен, поради пандемијата на коронавирусот. Перуанските власти организираа ритуал на Инките, за да им се заблагодарат на боговите, откако најголемата туристичка атракција во земјата, повторно почна да прима туристи.

„Тврдината на средновековните Инки, Мачу Пикчу беше затворена поради епидемијата на коронавируст, а ќе биде повторно отворена за туристи од денеска, иако со ограничен број посетители. Ќе ја отвориме тврдината на 1 март, но дневно, ќе можат да влегуваат само 897 луѓе, со строги мерки против епидемијата на коронавирусот“, изјави претставник на перуанското Министерство за култура.

Археолошкото наоѓалиште претходно, на 2 ноември беше отворено за посетителите, по осум месеци изолација поради корона-пандемијата. Но, повторно беше затворено на 31 јануари, од истата причина. Мачу Пикчу, што на кечуански јазик значи „Стара планина“, е изградена за време на владеењето на царот Пачакути (1438-1471) и се наоѓа на околу 100 километри од Куско, древната престолнина на Царството на Инките во југоисточен Перу. Местото е откриено 1911 година од страна на американскиот истражувач Хајрам Бингам, а во 1983 година е ставено на списокот на Светското културно наследство на Организацијата за образование, култура и наука при Обединетите Нации (УНЕСКО).

 

Извор/фото:Агенции

Close