Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болниците во Скопје се лекуваат вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19, од кои 36 се хоспитализирани во изминатото деноноќие.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болен, а во Куманово 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

 

МЗ

Close