Улиците ” Пролетерски бригади” и ” 15-ти Корпус” во Струга од понеделник двонасочни

Од први март во Струга ќе има изменет сообраќаен режим. Имено улиците “Пролетерски бригади” и “15-ти Корпус” кои претставуваат главен сообраќаен крвоток во градот ќе бидат со двонасочен сообраќај.

Во текот на денешниот ден сообраќајот беше пренасочуван низ другите улици во Струга со цел да се обезбеди и означи соодветната сигнализација на овие две сообраќајници.

Поставени се и исцртани на одредени места и нови пешачки премини, со цел поголема безбедност на пешаците во сообраќајот.

 

 

фото: ФБ

Close